Индустријата пак во негатива, во август минус од 1,2 отсто

Bez autora
Sep 29 2013

Никако да се стабилизира македонската индустрија. Во август таа повторно оди надолу, за 1,2 проценти, јави вчера Државниот завод за статистика. Ова следува откако во јули индустриското производство во земјава регистрираше пораст од 3,9 отсто, што одделни аналитичари го протолкуваа како конечен крај на економската криза во земјава, а други, пак, повикаа на внимателност и потенцираа дека се' уште не е време за опуштање. Во јуни индустријата имала благ пораст од 1,9 отсто, а во мај, пак, исто така покажала минус, и тој изнесувал 2,8 отсто. Всушност најдобри месеци за македонското индустриско производство се февруари, со раст од 4,5 отсто, март со позитива од 4,2 проценти и април со пораст од 4 проценти. Претходно во јануари исто така беше регистриран минус и тоа 1,3 отсто.

Индустријата пак во негатива, во август минус од 1,2 отстоНикако да се стабилизира македонската индустрија. Во август таа повторно оди надолу, за 1,2 проценти, јави вчера Државниот завод за статистика.

Ова следува откако во јули индустриското производство во земјава регистрираше пораст од 3,9 отсто, што одделни аналитичари го протолкуваа како конечен крај на економската криза во земјава, а други, пак, повикаа на внимателност и потенцираа дека се' уште не е време за опуштање.

Во јуни индустријата имала благ пораст од 1,9 отсто, а во мај, пак, исто така покажала минус, и тој изнесувал 2,8 отсто. Всушност најдобри месеци за македонското индустриско производство се февруари, со раст од 4,5 отсто, март со позитива од 4,2 проценти и април со пораст од 4 проценти. Претходно во јануари исто така беше регистриран минус и тоа 1,3 отсто.

Августовскиот пад го намали и вкупниот раст на индустријата во осумте месеци од годинава, споредено со истиот период лани, кој сега изнесува 1,7 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во август бележи пораст од 4,8 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација порастот изнесува 4 проценти.

Но, затоа никако да заздрави преработувачката индустрија, која во август во однос на истиот месец лани има пад од 2,9 отсто.

Металците, всушност, цел овој период укажуваат дека кризата никако не ја напушта оваа гранка, а никакви сигнали за радост, според нив, нема ни кај нивните главни европски партнери. Производството на метали во август паднало за 12,8 отсто. Минуси се забележани и кај производството на фабрикувани метални производи, освен машини и апарати, и тоа дури за 49 отсто, потоа кај производството на фармацевтски производи за 31 отсто, производството на прехранбени производи за 17 отсто, производството на тутунски производи паднало за 20 отсто, а преработката на дрво за 32 отсто.

Зголемување, пак, во август имало кај производството на текстил, и тоа огромен раст од 78,5 отсто, а кај облеката, пак, плусот е 21 проценти. Голем раст од 91 отсто има кај поправката и инсталирањето машини, а раст има и кај печатењето и продукцијата на снимени медиуми за 34 отсто, како и кај хемиските производи, со раст од 40 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik